Наполи триумфираше против Удинезе со 3-2 во Серија А на крилјата на еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас кој партиципираше со гол и со асистенција.
Очекувано Елмас по крајот на мечот во фокусот и на италијанските медиуми кои не штедат позитивни зборови за македонскиот „дијамант“.
„Среќен сум секогаш кога ќе донесам радост за навивачите, затоа и отидов кај нив и тоа беа прекрасни мигови“ – истакна Елмас по мечот, притоа дополнувајќи:
„Секако задоволство е кога ќе постигнам гол. Видов дека Ангуиса ќе ми асистира и реагирав на најдобар можен начин во ситуацијата. Среќен сум секако за голот, но пред се за победата… Мислам дека ривалството со Кварацкелија е одлично и за нас двајца но и за тимот, затоа што на секој натпревар се трудиме да бидеме што подобро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА