Во шкотското првенство ништо ново. Нов натпревар и нов гол на Бојан Миовски, негов 11-ти во сезоната.
Миовски стрелаше од пенал во 35. минута, по фантастичната акција во која самиот се избори за удар од белата точка за Абердин во дуелот со Данди јунајтед.
Со овој гол во моментов е водечки стрелец во првенството. Пред осум дена постигна два гола во победата на Абердин над Хиберниан.
Овој погодок носи насмевки и кај селекторот Милевски, кој го очекува утре Миовски на собирот на националниот тим за средбите со Финска и со Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

