Лече на гостински терен оствари важна победа за опстанокот во Серија „А“. Тимот во директен дуел го совлада составот на Сампдорија и тоа на нејзин терен во Џенова со 0-2. Со тоа ја продлабочи кризата на тимот предводен од Дејан Станковиќ, кој можеби ќе поднесе оставка после овој дуел.
Коломбо пред крајот на првиот дел после големата грешка на Вилјар, донесе водство, а Банда во 83. минута ја запечати судбината на домашниот тим.
Ова беше четвртиот пораз по ред за Сампдорија, и во тие четири меча нема постигнато ниту еден гол. Тимот со само една победа остана на претпоследното место на табелата со шест бодови, додека Лече сега е на 15. место со дури деет повеќе од нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА