Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 19 часот во салата „26ти Април“ во Гевгелија ги продолжува претквалификациите за Евробаскетот 2025 со натпревар против Данска. Со победата над Норвешка, главниот конкурент за првото место во групата по првиот „прозорец“ на ФИБА, „црвено-жолтите“ се најдоа на добар пат да го осигураат свеото место во главните квалификации, но за тоа потребна е и новата одбрана на домашниот терен од уште еден скандинавски противник.
Македонија славеше во првиот меѓусебен натпревар против Данците со тројката на Ненад Димитријевиќ од половина терен, но се чини дека избраниците на Јончевски денеска ќе имаат полесна задача во однос на гостувањето на северот на Европа со оглед на тоа што Данска нема да смета на својот најдобар играч, Габриел Лундберг.
View this post on Instagram
За победа денеска на Македонија ќе и биде потребно нов одличен натпревар во одбраната како што беше на мечот против Норвешка кој во Гевгелија беше сопрена на само 38 поени, но избраниците на Јончевски ќе мораат да биде што подобри во нападот. Во тој поглед многу се очекува од новото засилување Ти-Џеј Шортс кој имаше одлично деби со осум поени, осум асистенции и +/- од 22 поени.
Како загревање за денешниот натпревар погледнете дел од атмосферата на првиот меч во Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА