Њукасл дојде до петтиот триумф по ред во Премиерлигата, откако вечерва на домашен терен го совлада Челси со минимални 1-0.
Во еден израмнет натпревар со неколку шанси на двете страни, победничкиот гол го постигна Вилок во 67. минута по додавање на Алмирон, потврдувајќи ја одличната форма на Њукасл.
За Челси ова беше трет пораз по ред во Премиерлигата, а тимот пет меча во шампионатот не знае за победа, и токму од тука се најдоа на осмото место на табелата пред паузата во Англија поради Мундијалот.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

