Џонатан Клос е најверојатно најголемиот лузер во овој предмундијалски период, откако десниот бек на Олимпик Марсеј беше убеден дека ќе биде дел од СП во Катар, па се договори со телевизијата РМЦ Спорт да го снима во неговиот дом додека селекторот Дидие Дешамп го објавува списокот на патници за мундијалот.
Клос има одлична сезона во дресот на Олимпик и беше најавуван како сигурен избор на десен бек, но Дешамп шокираше оставајќи го дома, земајќи го Павар како единствена опција за оваа позиција во тимот.
Асот на Олимпик Марсеј беше шокиран, а единствена добра работа е што ТВ-студиото во меѓувреме го откажа доаѓањето, па неговото разочарување нема да биде споделено низ целата земја.
„Јасно ми е дека Клос ќе биде разочаран, главната причина поради која не е повикан е формацијата во која ќе играме“, изјави Дешамп, најавувајќи дека Франција ќе се врати на 4-2-3-1, додека десниот бек во клубот настапува во формација со тројца централни дефанзивци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА