Малер на годината: Се повреди на 7 дена пред почетокот на Мундијалот, седна на тревата и почна да плаче

Карлос Груезо, играчот од средниот ред на Еквадор, беше на списокот на селекцијата за Мундијалот, но прашање е дали ќе игра во Катар. Фудбалерот на Аузгбург се повреди во текот на последното коло во Бундеслигата пред Светското првенство. Тој во 29. минута на дуелот со Бохум ја исфрли топката во аут, седна на тревата и почна да плаче.

Густиот распоред пред Мундијалот го зема данокот, а Карлос веројатно сфати дека сонот за Мундијал за него е завршен.

Реакцијата на фудбалерот се кажува, сигурно не е добро, и покрај тоа што не се познати деталите на повредата. Соиграчите го тешеа додека го напушташе теренот.

 

Се вчитува...