Градоначалниците на Тетово и Чаир заедно следат Шкендија – Шкупи, како начин за фудбалско смирување на „страстите“ (ФОТО)

Добро е познат ривалитетот меѓу тетовска Шкендија и чаирски Шкупи во македонскиот фудбал, кој прерасна и до вистинска нетрпеливост меѓу навивачите на двата тима што, пак, доведе до срамни сцени неодамна на дуелот во четвртфиналето во Купот на Македонија.

Но, јасно е дека на македонскиот фудбал му е неопходен единствено ривалитет на терен и вистинско спортско џентламенство надвор од истиот, што денеска го промовираа градоначалниците на Тетово, Билал Касами од Движењето „БЕСА“ и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу од ДУИ.

Касами и Ганиу денеска во Бутел заедно ги следат натпреварите меѓу Шкупи и Шкендија од шампионатот во пионерско-младинска конкуренција, како пример и за фудбалско смирување на „страстите“.

Се вчитува...