Претседателот на Дортмунд: Терзиќ останува тренер, ме потсеќа на Клоп со неговата посветеност

Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке ги коментираше пишувањата на германските медиуми за тренерска смена на Един Терзиќ, после последните лоши резултати во Бундеслигата.

Дортмунд има дури шест порази во 15 натпревари, и во моментов не се наоѓа во првите четири места, кои носат во Лигата на шампионите. Мешутоа Вацке кажа дека Терзиќ и натаму останува на клупата.

„Имаме целосна доверба во Терзиќ. Не 100%, туку 1000%. Тој останува наш тренер. Многу ме потсеќа на Клоп, кога станува збор за посветеноста кон клубот“, рече Вацке. 

Првиот човек на „милионерите“ ја коментираше и ситуацијата околу Марко Розе, кој неочекувано доби отказ по завршувањето на минатата сезона.

„Розе е одличен тренер и одличен човек. Но, нешто стоеше на патот меѓу него и нас. Не знам што беше, но тоа беше причината што беше сменет“, изјави Вацке кој најави дека тимот ќе преговара со Белингем за нов договор по завршувањето на Мундијалот во Катар. 

Се вчитува...