ПСЖ дојде до лесна победа во француската Лига 1, и мирно заминува на пауза поради Мундијалот во Катар. Со 5-0 славеа Парижаните во дуелот со Оксер, и со тоа останаа на плус пет на првото место на табелата.
Мбапе во 11. минута донесе водство за ПСЖ, а неколкуте шанси во првиот дел не го сменија резултатот на полувремето. Во вториот дел ПСЖ се „истури“. Така Солер во 51. минута зголеми на 2-0, Хакими во 57. за 3-0.
Ренато Санчез во 81. минута го постигна четвртиот гол за лидерот, за конечните 5-0 да ги постави Екитике во 84. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА