Со многу реакции од домашните заврши денешниот натпревар од 12. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Караорман и Локомотива Пехчево во Струга.
Дуелот на крајот заврши без победник 1-1, но остана под знак прашање за домашните ситуацијата од 95. минута кога беше поништен погодок за триумф на Караорман.
Од редовите на Караорман реагираат на одлуката на главниот судија Владимир Ѓорѓиевски од Битола да го поништи погодокот за триумф на Никола Секулоски. Стружани се прашуваат „зошто е поништен погодокот, затоа што е очигледно дека нема офсајд-позиција, а ако е поради прекршок во напад јасно е дека има меѓусебно држење а гостинскиот дефанзивец е тој кој со двете раце го ‘зграпчил’ офанзивецот на Караорман“!?
Претходно, пак гостите дојдоа до предност од 0-1 со голот на Ерблин Даци во 27. минута, а Никола Секулоски во 49. минута израмни на 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА