Екипата на Торино беше пред победа во Рим против Рома, но на крајот „волчицата“ успеа да се спаси со голот на Немања Матиќ. Интересен и возбудлив беше мечот, затоа што на крајот од мечот Мурињо беше исклучен, па неговиот тим доби пенал кој го промаши, а потоа Матиќ успеа да го совлада Милинковиќ-Савиќ и да донесе бод за својот тим.
Линети во 55. минута ја донесе екипата на Торино во водство. Рома почна дури после 70. минута. Белоти во 91. минута промаши пенал, потоа Дибала ја погоди пречката, за Матиќ да го најде патот до мрежата.
Монца оствари убедлив триумф над Салернитана со 3-0. Аугусто и Мота во првиот дел ја донесоа Монца до +2, а во вториот дел Песина од пенал успеа да зголеми и на 3-0.
Во третиот меч Верона остана на дното на табелата губејќи од Специја со 1-2 како домаќин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА