Катастрофа: Полски голман ја скрши ногата пред Мундијалот! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Полска на Мундијалот во Катар ќе патува без голманот Барголомеј Драговски кој ја скрши ногата на денешниот меч меѓу Специја и Верона. Чуварот на мрежата на Специја во обид да исфрли една топка, излезе далеку од својот гол, и беше поткачен од еден противнички играч, по што остана да лежи на тревата.

Полјакот веднаш беше пренесен во болница, а дефинитивно тој нема да патува на Мундијалот, па полскиот селектор веднаш реагираше и го повика Камил Грабара од Копенхаген да патува во Катар.

Се вчитува...