Унион Берлин и натаму тоне, пораз и од Фрајбург

Доскорашниот првопласиран тим во Бундеслигата Унион Берлин, продолжува со слабите резултати, и во третиот меч дојде до вториот пораз. Денеска Фрајбург беше подобар од Унион и го совлада со 4-1, со што се искачи на второто место на табелата.

Херој на Фрајбург е Грифо кој постигна три гола во првите 20 минути (два од пенал), а во меѓувреме Кноче промаши пенал за Унион. Потоа да биде белјата поголема, гостите од Берлин останаа и со играч помалку по исклучувањето на Леите.

Сето тоа го искористи Грегорич и пред полувремето донесе водство од 4-0 за Фајбург. Мичел во 84. минута од пенал само успеа да намали.

Во првиот меч денеска, Мајнц и Ајнтрахт одиграа нерешено 1-1.

Се вчитува...