Трагедија: ММА борец почина на 38-годишна возраст

ММА борецот Антони Рамбл Џонсон, почина на 38-годишна возраст. Од него на социјалните мрежи се простуваат останатите борци. Џонсон имаше статус на еден од најдобрите нокаут борци во историјата на ММА.

Џонсон долго време се борел со болест, чии детали не се објавени во јавноста. Минатата година требаше да се бори за титулата во Белатор, но се повлече од здравствени причини.

Неговиот агент минатиот месец во интервју за ЕСПН порача дека Џонсон има здравствени проблеми и побара сите да се молат за него.

„Молете се за Антони. Не е добро. Има силен дух, но молете се за него“, изјави тогаш Али Абделазиз.

Се вчитува...