Кливленд по заминувањето на Леброн Џејмс се уште се бара себеси во „ребилдинг“ процесот, но дека е на добар пат говори вчерашниот натпревар во кој експлодираше Дариус Гарланд. Петтиот пик на драфтот во 2019 година во поразот од Минесота постигна 51 поен со што стана само четвртиот играч во историјата на франшизата кому успеал да ја надмине границата од 50 поени.
Убедливо прв на листата е Леброн Џејмс кој девет пати во дресот на Кливленд постигнуваше повеќе од 50 поени, тука е и Кајри Ирвинг кој во истото успеа „само“ два пати, а еднаш тоа му помина од рака и на Волт Висли.
Darius Garland has become the 4th player in Cavaliers franchise history to record a 50+ point game, joining:
LeBron James – 9 times
Kyrie Irving – 2 times
Walt Wesley – 1 time
Darius Garland – 1 time pic.twitter.com/OER6mgHKd1— NBA.com/Stats (@nbastats) November 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА