Освојувачот на сребрен олимписки медал, македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе ја предводи Македонија на престојното Светското првенство за сениори кое почнува денеска во Гвадалахара, Мексико.
Дејан Георгиевски со своите тренери браќата Костовски отпатува во Мексико по успешни настапи, и борба за медал.
Покрај Дејан Георгиевски, во Мексико Македонија ќе ја претставуваат и Филип Додевски и Мила Рељиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

