Македонските репрезентативци денеска ја имаа прозивката, пред почетокот на мини подготовките за дуелите со Финска и со Азербејџан кои ќе се играат на Националната Арена „Филип Втори“.
Се очекува селекторот Благоја Милевски на располагање да ги има сите фудбалери, кои сега ќе немаат обврски во своите клубови со оглед дека следува пауза од повеќе од еден месец поради одржување на Мундијалот во Катар.
На собирот закажан во 12 часот беа Димитриевски, Несторовски, Елмас, Барди, Муслиу, Елези, а тука беше и Мирчевски, кој немаше меч во Србија изминатиот викенд поради жолти картони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА










