Кој учесник на СП во Катар има најдобар прекар?

На шест дена до стартот на Светското првенство во фудбал ви ги претставуваме „прекарите“ на 32 репрезентации учеснички на Мундијалот во Катар.

Аргентина: „Албицелесте“ – бело-сини или „гаучоси“

Австралија: „Сокерос“

Белгија: „Роте Теуфел“ – Црвените ѓаволи

Бразил: „Селесао“ или „кариоки“

Данска: „Де Род-Хвиде“  – црвено-бели

Еквадор: „Ла Три“

Англија: „Три лава“, Горд Албион

Франција: „Les Bleus“ – сини, „триколори“, „галски петли“

Гана: „Блек старс“ – Црни ѕвезди

Хрватска: „Ватрени“ – Огнени

Иран: „Парсис – принцовите на Персија“

Јапонија: „Сините момчиња“ – сини или „сини самураи“

Јужна Кореја: „Црвените ѓаволи“, „Таегук“ – Воини

Камерун: „Les Lions Indomptables“ – Нескршливи лавови

Канада: „Les Rouges“ – црвени, „The Maple Leafs“ – Лисја од јавор

Катар: „Ал Анаби“ – Бордо-црвени

Костарика: „Тикос“

Мароко: „Атлас Лавови“ – Лавови на Атласот

Мексико: „Ел Три“

Холандија: „Орање“

Германија: „Дај маншафт“, „Елф“ – Панцири

Полска: „Орли“ – Орли

Португалија: „Селесао“

САД: „Д Јенкс“ – Јенки

Саудиска Арабија: „Зелени соколи“

Сенегал: „Les Lions de la Téranga“ – Лавовите на Теранга

Србија: „Орлови“ – Орли

Шпанија: „Ла Фуриа Роха“ – Црвената фурија

Швајцарија: „Нати“

Тунис: Орлите од Картагина

Уругвај: „Charruas“ или „La Celeste“

Велс: „Dreigiau“ – Змејови

Се вчитува...