Србија ќе биде еден од двата претставници на екс-ју фудбалот на Светското првенство во Катар. „Орлите“ одиграа одлични квалификации во кои ја елиминираа Португалија во главната фаза па сега се надеваат на што подобар настап против Бразил, Швајцарија и Камерун.
Селекторот Драган Стојковиќ верува во својата репрезентација и вели дека сега е вистинско време да направат голем успех.
„Кога овие момци ќе направат голема работа, ако не сега. Катар е одлична прилика за нас. Ќе бидеме храбри, знаеме да играме, сега ќе видите кој е најдобар. Нема да бидеме топовско месо. На сите ќе им направиме проблем. Пред нас е Бразил, Камерун и Швајцарија, ќе направиме се да дојдеме до нокаут фазата. Потсетете се на претходната година, не се разликувавме од останатите патници на белградскиот аеродром пред заминувањето за натпреварот во Лисабон. Така и денеска, затоа им порачувам на момците. Не морате ништо, а можете многу! Ќе го повторам тоа пред патувањето во Доха, па кои сме ние доколку не веруваме?“, вели популарниот Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА