Најдобриот стрелец на Абердин, Бојан Миовски после средбата со Данди која ја реши со погодок од пенал, кажа дека му е задоволство што игра за овој клуб, и дека се чувствува супер во екипата.
Миовски кажа дека немал никаков протисок околу пеналот, и покрај тоа што знаел дека мора да постигне гол затоа што натпреварот бил цврст и само еден момент можел да биде решавачки.
„Секогаш се чувствувам убаво кога ќе постигнам гол, и најважно е што голот во овој случај донесе победа на мојот тим. Знаев дека морам да го реализирам пеналот, затоа што тоа беше голема шанса, а натпреварот беше цврст и еден момент одлучуваше. Дали чувствував притисок? Не, воопшто“, рече Миовски.
Тој потоа кажа за овие неколку месеци минати во шкотскиот клуб.
„Уживам да играм тука, се чувствувам супер. Секогаш ми е задоволство да играм за овој клуб. Сега одиме на собир со националниот тим, играме два меча, а потоа ќе мислиме на мечевите со Ренџерс и Селтик кои ни следуваат“, кажа Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

