Не е никаква тајна дека долгогодишното заеднички играње уште низ младите репрезентации резултира со огромно заедништво во македонската фудбалска репрезентација. Па и тимскиот дух и тоа како е изграден до највисок степен.
А, едни од оние кои се секогаш расположени и за добра забава, покрај професионалните обврски, предодредени за ширење позитивна енергија во репрезентативните редови се и Џани Алиоски и Елиф Елмас…
Позитивни надвор од теренот, но дефинитивно и оние најдобрите и на фудбалскиот терен кога е во прашање репрезентативниот дрес!
Македонската фудбалска селекција денеска ги почна мини-подготовките во Скопје пред двата пријателски натпревари со Финска (17. ноември) и Азербејџан (20. ноември) кои ќе се играат на арената „Тодор Проески“ во главниот град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА