Во драматична завршница, и во одлична атмосфера во салата „Александар Николиќ“ или популарната „Пионир“, Србија издвојува победа над Турција со 77-76, и така се доближи до пласман на Светското првенство. Борбата беше неизвесна до самиот крај, српскиот тим дојде до најважната победа.
Мечот беше „наелектризиран“ што во еден момент го покажаа и селекторите Пешиќ и Атаман кои се скараа крај аут линијата.
Најефикасен кај Србите беше Марко Гудуриќ со 18 поени. Кај Турците Скоти Вилбекин уфрли 22 поени, но на крајот беше трагичар со промашние две слободни фрлања и промашен последен шут.
После мечот турскиот селектор Атаман ги критикуваше судиите, како и селекторот на Србија.
„Тежок натпревар во одлична атмосфера. Горд сум на младите играчи. Игравме добра одбрана цело време, на крајот промашивме шут за победа. Не е нормално Србија да изведе 24 слободни фрлања, а играа толку агресивно. Мислам дека на ова ниво одлуките на судиите се важни. Не сакам да коментирам зошто не го пуштив Мициќ за репрезентацијата. Тоа е клупска одлука, прашајте го Обрадовиќ или Јасикевичиус зошто не ги пуштија своите играчи. Што се однесува до Пешиќ, тој мене ми се обрати и тоа не е фер. Многу сум вознемирен затоа што тој ми пријател долго време“, рече Атаман.
Пешиќ не сакаше да ги коментира прозивките од Атаман, само кажа дека доколку победеше тој, немаше да биде разочаран.
Kari 🆚 Ataman. #FIBAWCQ pic.twitter.com/f56EET6l6x
— Petar Tadic (@petartadiccc) November 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА