Циципас: Верувам дека еден ден ќе бидам светски број 1

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со пораз го стартуваше настапот на АТП финалето во Торино. Грчкиот тенисер со тоа ја изгуби шансата на крајот на годината да го преземе првото место на АТП листата.

Циципас не сакаше подетално да го анализира мечот со Ѓоковиќ во првото коло на АТП финалето во Торино, кој го загуби со 6-4, 7-6 (7-4). Да ги добиеше сите пет натпревари во Торино, Циципас ќе станеше светски рекет број еден.

„Тоа не ми го окупира премногу умот, но длабоко верувам дека еден ден можам да стигнам до првото место. Не брзам, да бидам искрен. Секако, подобро би било да се случи оваа недела, но на сето ова гледам како на маратон, имајќи ја предвид големата слика. Ако тоа се случи, јас ќе бидам многу среќен, како и моето семејство и мојата земја“, изјави Циципас. 

Во 2019 година Гркот веќе го освои завршниот турнир.

Се вчитува...