Финска без првата ѕвезда доаѓа во Скопје

Фудбалската репрезентација на Финска без својата прва ѕвезда, Тимо Пуки доаѓа во Скопје каде на 17. ноември (четврток) со почеток од 18 часот ќе одигра пријателски натпревар против Македонија.

Првата ѕвезда на финскиот состав поради повреда ќе мора да го пропушти овој меч, а покрај Пуки селекторот на репрезентацијата Марку Канрева на овој меч поради повреда нема да може да смета ниту на играчот на Ренџерс, Глен Камара.

Состав на Финска: 

Голмани: Лукас Храдецки (Леверкузен), Карлјохан Ериксон (Данди Јунајтед), Јесе Јоронен (Венеција)

Одбрана: Лео Ваисанен (Елфсборг), Роберт Иванов (Варта Познањ), Николаи Алхо (Волос), Арту Хосконен (ХЈК), Саули Ваисанен (Косенца), Даниел О’Шогеси (Карлсруе), Диого Томас (Купс), Туомас Олиа (ХЈК)

Среден ред: Илмари Нисканен (Данди Јунајтед), Пири Соири (ХЈК), Лукас Лингман (ХЈК), Кан Каринен (Лилестром), Робин Лод (Минесота), Роберт Тејлор (Интер Мајами), Микаел Соисало (Рига), Оливер Антман (Нордсјеланд), Анси Сухонен (Хамбургер), Нило Маенпа (Варта Познањ)

Напад: Маркус Форс (Мидлсбро), Јоел Похјапало (Венеција), Бенџамин Калман (Краковија), Сантери Хостика (ХЈК)

Се вчитува...