Баерн Минхен на Светското првенство во Катар ќе испише историја како единствен клуб кој ќе го претставуваат дури 17 играчи. Со тоа германскиот состав ќе го надмине рекордот кој го постави Манчестер Сити кој во Русија имаше 16 претставници.
Најмногу од нив ќе ја бранат честа на германската репрезентација (Мануел Ноер, Џошуа Кимих, Леон Горецка, Серж Гнабри, Томас Милер, Џамал Мусиала, Лирој Сане), а потоа следува Франција (Дајо Упамекано, Бенџамин Павар, Кингсли Коман и Лукас Хернандез).
По еден претставник имаат Камерун (Ерик Чупо-Мотинг), Мароко (Нусир Мазрауи), Сенегал (Садио Мане), Холандија (Матијас де Лихт), Хрватска (Јосип Станишиќ) и Канада (Алфонсо Дејвис).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА