Репрезентацијата на Аргентина е сместена во групата „Ц“ на Мундијалот во Катар, заедно со Мексико, Полска и Саудиска Арабија. Својот прв настап ќе го имаат во вторник против Саудиска Арабија, а навивачите се надеваат дека е дојдено времето Лионел Меси да го крене пехарот.
Меси во 2014 година загуби во финалето, а минатата година ја освои Копа Америка. Сонува за златото во Катар, но кога ќе го прашаат кои се фаворити, тој не кажува ништо за неговата Аргентина.
„Сите сме полни со надеж, имаме добра и мотивирана екипа, но мораме да одиме чекор по чекор. Сите знаеме дека мечевите на Светските првенства не се лесни“, рече Меси и додаде:
„Бразил, Франција и Англија се малку над останатите репрезентации кои ќе се натпреваруваат во Катар“, изјави Аргентинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА