Реал го доби „новиот Бејл“: Не игра, но не сака да си оди поради милионите

Белгискиот фудбалер и член на Реал Мадрид, Еден Азар ги демантираше шпекулациите дека ќе си замине од тимот на Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Азар во Реал стигна во 2019 година за 115 милиони евра, но во моментов не е стандарден, односно во втор план кај тренерот Карло Анчелоти. Сепак, тој и покрај што повеќе ја „грее клупата“, нема намера да си замине.

„Пред почетокот на сезоната зборував со Анчелоти, рече дека ќе ми даде шанса да играм. Очигледно тоа ретко се случува, но разбирам дека Анчелоти не може секогаш да одговара на исти прашања. Не, не сакам да го напуштам Реал. Можеби после СП работите за мене ќе се сменат“, рече Азар.

Белгиецот оваа сезона одигра само шест натпревари за Реал, и постигна еден гол. Очигледно дека „кралевите“ го имаат „новиот Бејл“, кој беше во иста ситуација, но си замина од Мадрид дури по завршувањето на договорот.  Договорот на Белгиецот со Реал е до 2024 година.

Се вчитува...