Францускиот напаѓач се повреди на тренинг и нема да игра на Мундијалот!

Франција остана без уште еден играч, откако на денешниот тренинг напаѓачот Крисофер Нкунку го повреди коленото, и веднаш му се направени медицински прегледи, по кои е испратен дома.

Напаѓачот предвреме го завршил тренингот на репрезентацијата, а прегледите покажале дека има повреда на коленото.

Дешамп го испрати до ФИФА медицинското досие на Нкунку, за да добие дозвола да повика нов фудбалер на негово место, за што Франција има право.

Франција ќе ја соопшти замената веднаш откако ќе биде потврдено од ФИФА дека може да повика нов играч.

Се вчитува...