Дончиќ ги „реши“ омилените „пациенти“, Сакраменто даде 153 поени (ВИДЕО)

Далас Маверикс славеше над Лос Анџелес Клиперс во крајно интересен натпревар со 103-101. Иако Мавс имаа во еден момент предност и од 35 поени, на крајот натпреварот влезе во неизвесна завршница во која тимот од Тексас сепак се радуваше на победата.

Повторно најдобар поединец на Далас беше Лука Дончиќ со 35 поени, додека кај Клиперс, Пол Џорџ заврши со 23 поени.

Сакраменто Кингс успеа да постигне дури 153 поени во победата над Бруклин Нетс од 153-121. Теренс Дејвси со 31 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кевин Дјурант заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Њу Орлеанс – Мемфис 113-102, Јута – Њујорк 111-118 и Портланд – Сан Антонио 117-110.

Се вчитува...