Целата вистина за дуелот меѓу Роналдо и Кансело: Не е се така како што изгледа на прва (ВИДЕО)

Видеото во кое се гледа како Кристијано Роналдо има блиска средба со Жоао Кансело беше уште еден повод за шпекулации околу непријатната атмосфера која владее во португалската фудбалска репрезентација.

Сепак, реалноста не е таква каква што беше прикажана. Португалските медиуми решија да го објават целото видео. Кристијано во улога на капитен само се обидувал да ги смири страстите кои настанале за време на тренингот.

Жоао Кансело и Жоао Феликс имале еден поенергичен дуел од кој јасно се гледа дека десниот бек на Манчестер Сити е навистина лут, па Роналдо всушност му пришол за да ја олади ситуацијата.

Се вчитува...