Францускиот репрезентативец Кингсли Коман е свесен дека постои можност Светското првенство во Катар да биде последно во неговата кариера.
Коман во претходниот дел од кариерата имаше големи проблеми со повредите, па затоа го пропушти и претходниот Мундијал во Русија, кога триколорите стигнаа до светската круна. Фудбалерот на Баерн е реален за шансите да биде меѓу патниците за следниот шампионат по Катар, кој е на програмата во 2026 година, доколку повторно се најде на списокот на француската репрезентација.
„Светското првенство во Катар е исклучително важно за мене, можеби е прво и последно во мојата кариера, никогаш не се знае што ќе се случи во светот на фудбалот. Сега имам 26 години, се надевам дека ќе се чувствувам подобро за четири години. Не сум во оптимална физичка кондиција во моментов“, изјави Коман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА