Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 17 часот преку ждрепката во Неапол ќе ги дознае противниците за Европското првенство 2023, чиј коорганизатор е и Македонија.
За нашите одбојкари ова ќе биде трето едноподруго големо натпреварување на европската сцена, по Љубљана 2019 година и Тампере 2021 година.
Македонија, поради фактот дека е домаќин на првенството заедно со Италија, Бугарија и со Израел, ќе биде носител во очекување на ждрепката од првиот шешир.
„Каква и да биде ждрепката, ние му се радуваме на Европското првенство 2023. Тоа ќе биде круна на оваа генерација во машката репрезентација, ќе им отвори перспективи на помладите, а нам ќе ни даде шанса да се докажеме како добри организатори на настан со оваа тежина. Се надевам дека гледачите ќе уживаат во елитна одбојка, а ние ќе ја претставиме Македонија во најдобро светло. Искрено, немам некоја посебна желба за тоа кои репрезентации да дојдат во Скопје, секако ќе биде атрактивно“ – вели генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ.
РАСПРЕДЕЛБА НА ШЕШИРИТЕ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА ЕП 2023
ПРВ ШЕШИР: Италија, Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Израел
ВТОР ШЕШИР: Словенија, Полска, Србија, Холандија
ТРЕТ ШЕШИР: Германија, Чешка, Франција, Украина
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Турција, Финска, Белгија, Португалија
ПЕТТИ ШЕШИР: Грција, Шпанија, Романија, Швајцарија
ШЕСТИ ШЕШИР: Данска, Црна Гора, Естонија, Хрватска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА