Дешамп изненади со изборот на замена на Нкунку

Репрезентацијата на Франција вчера доживеа шок за време на тренингот, откако остана без услугите на својот напаѓач Кристофер Нкунку. Играчот на Лајпциг го повреди коленото по еден старт од Камавинга, и за него сонот за Мундијал заврши уште пред да почне истиот.

ФИФА им дозволи на Французите да повикаат нов играч на негово место, откако ја прегледаа целата документација околу повредата, а селекторот Дидие Дешамп изненади со изборот на новиот играч.

Дешамп се реши да го повика Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт. Муани оваа сезона пристигна во Ајнтрахт од Нант, и одлично се снајде. Во 14 настапи постигна пет гола и запиша дури 10 асистенции.

Во Катар не отпатуваа Муса Диаби, Висам Бен Једер и Џонатан Клаус, но Дешамп се реши да не повика ниту еден од овие, туку играчот на Ајнтрахт што преставува големо изнанедување во француската јавност.

Се вчитува...