Кошаркарската репрезентација на Македонија е на чекор до обезбедување учество на претквалификацискиот турнир за Летните олмиписки игри во Париз во 2024 година.
Македонија е на добар пат да биде помеѓу четирите селекции кои ќе се стекнат со можност наредната година да играат на претквалифиакциските турнири кои водат на ЛОИ во Париз во 2024 година.
За тоа ни треба барем уште една победа на последните два натпревари од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2025, на гостувањата во Словачка односно во Норвешка во „Д“ групата од претквалификациите за ЕП 2025, кој гарантира прво место во оваа конкуренција.
Пет селекции од претквалификациите ќе напредуваат кон последниот круг кој ќе брои 24 тима. Тие ќе се приклучат на 16. тимови кои ќе бидат во олимписките квалификации, без оглед на регионот и врз основа на рангирањето на Светското првенство, како и на три други тимови врз основа на рангирањето на Светското првенство – следните најдобро рангирани селекции од Африка, Америка и Азија.
Победниците на квалификацискиот турнир ќе му се придружат на олимпискиот домаќин, Франција (во очекување на одлуката на Централниот одбор), заедно со другите селекции кои ќе ги освојат местата на Игрите во Париз со нивните настапи на Светското првенство во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА