Левандовски доби суспензија од три меча поради црвениот картон со Осасуна

Полскиот напаѓач Робер Левандовски доби три меча суспензија, одлучи дисциплинската комисија на шпанската Ла лига. Полјакот доби два жолти картони на мечот со Осасуна, последниот на Барселона пред паузата за Светското првенство.

Одејќи накај соблекувалната Левандовски со прстот се чешаше по носот и потоа го покажа кон судијата и излезе. Според извештајот на судијата, Левандовски направил гестови со кои изразил несогласување со судијата, додека некои велат дека таквиот гест во Германија значи арогантност. Левандовски е казнет со еден меч суспензија поради двата жолти картони, и два меча суспензија за тој гест со прстот.

Од нив два дуели се дерби, едниот е градскиот дерби меч против Еспањол, второто дерби е со Атлетико Мадрид, а ќе го пропушти и натпреварот со Хетафе.

Се вчитува...