Најдобриот македонски баскетболџија на турнир во Тајланд

Најдобриот македонски играч во баскет 3 на 3, Ервин Цого во моментов е во Тајланд каде учествува на силен меѓународен турнир во овој спорт. Тој со овој настап само го продолжува континуитетот на настап на најсилните 3 на 3 турнири под покровителство на ФИБА сезонава.

Цого има одлична година во 3 на 3 откако стана првиот Македонец кој е дел од Светската турнеја кое што е најголемото натпреварување во овој спорт. Претходно Цого годинава беше дел и од силен меѓународен турнир од истата серија во Индија.

Со репрезентацијата на Македонија во европските квалификации беше во топ 3 стрелците, а мината година го освои и признанието за најдобар македонски баскетболџија.

 

Се вчитува...