„Невил и Руни добиваат од мојата популарност“

Цел свет со нетрпение го очекуваше интервјуто на Кристијано Роналдо со британскиот новинар, Пирс Морган во кое без влакна на јазикот говори за целата ситуација поврзана со Манчестер јунајтед.

Во моментов во живо оди интервјуто на јутјуб каналот, а можете да го погледнете и на ЕКИПА.МК.

Околу ситуацијата со критиките кои ги добива од Гери Невил и Вејн Руни тој вели…

„Гери Невил и Вејн Руни со тоа што ме критикуваат добиваат на популарност. Не знам можеби ми се љубоморни. Не сум другар со нив со нив бев колега и тие се само дел од моето патување. За разлика од нив Рио Фердинанд и Рој Кин се секогаш на моја страна. Кин е најдобриот капитен кој некогаш сум го имал“, вели Роналдо. 

Целото интервју на Роналдо може ВО ЖИВО да го гледате на јутјуб:

Се вчитува...