Стеф Кари прв пат оваа сезона постигна 50 поени, но истите не беа доволни за победа на неговиот Голден Стејт на гостувањето кај Феникс (130-119). Пејн и Букер ги предводеа домашните кошаркари со 29 поени и 7 асистенции, односно 27 поени и 9 асистенции.
Далас и Денвер без Лука Дончиќ и Никола Јокиќ не успеаја да стигнат до победа. Маверикс загубија во тексашкото дерби од Хјустон со 91-101, додека Њујорк славеше во Колорадо со 103-106.
Во останатите натпревари:
Шарлот – Индијана 113-125
Орландо – Минесота 108-126
Вашингтон – Оклахома 120-121
Атланта – Бостон 101-126
Торонто – Мајами 112-104
Милвоки – Кливленд 113-98
Њу Орлеанс – Чикаго 124-110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

