Мик Шумахер следната сезона нема да биде дел од Формула 1

Мик Шумахер, синот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер следната сезона нема да биде дел од тимот на Хас откако Американците се одлучија да не го продолжат неговиот договор.

Германецот дебитираше за овој тим во 2020 година по освоената титула во Ф2 шампионатот, вкупно освои 12 бода во две сезони, најдобриот пласман му беше шестата позиција, но претходната сезона беше возачот со најголем финансиски прошок кон својот клуб со оглед на штетите кои ги направи на болидот.

Оваа вест ја потврди и самиот Мик кој вели дека разочаран од одлуката да не му биде продолжен договорот, но ќе даде се од себе да обезбеди место во натпреварувањето.

„Ова ќе биде мојата последна трка за Хас. Не кријам дека сум разочаран од одлуката да не ми биде продолжен договорот. Им благодарам на Хас и Ферари на можноста за настап. Тука израснав технички, но и како личност. И сега кога е најтешко сфатив колку го сакам овој спорт. Заслужувам место во Формула 1 и со сите сили ќе се борам да се вратам“, вели Шумахер.

Местото на Мик Шумахер во Хас ќе го наследи Нико Хулкенберг.

Се вчитува...