Бразилскиот играч за врска Бруно Гимараеш и дефанзивецот Алекс Тељес се повредија на првиот тренинг на репрезентацијата во Торино, на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство.
Гимараеш, членот на Њукасл, го напушти теренот откако напаѓачот Родриго го згазна на десната нога. Тој се врати на теренот десет минути подоцна, но се уште имаше болки. Тељес се повреди од Нејмар и исто така доби лекарска помош. Селекторот на Бразил Тите во еден момент го прекина тренингот и им нареди на играчите да ја намалат грубоста.
Бразил е во таборот на Јувентус, каде што ќе тренира пет дена, а во сабота ќе замине за Катар. Дефанзивецот Маркињос, кој го пропушти тренингот во вторникот поради полесна повреда, веќе беше во акција во средата.
Репрезентацијата на Бразил реши да не игра ниту еден пријателски натпревар пред почетокот на Мундијалот, а тренинзи ќе има в четврток и петок. На стартот на Мундијалот „Селесао“ за ривал ја има селекцијата на Србија, а тој меч е закажан за петок, 24. ноември од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА