Искусниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Антони Модесте, ја користи паузата во првенството поради Мундијалот во Катар, и направи операција на препоните. Искусниот голгетер би требало на почетокот на идната година да почне со тренинзи, и да биде подготвен за вториот дел од сезоната за „милионерите“.
Модесте е само еден од многуте кои оваа година ќе отсуствуваат поради повреди. Модесте дојде како замена за Себастијан Халер, кому му беше дијагностициран тумор на тестиси, при што ќе прави операција, и ако биде се како што треба, се очекува да се врати во пролетниот дел.
Оваа сезона во Борусија беа повредени многу играчи, а во моментов на листата на повреди се Марко Ројс, Махмуд Дахуд и Томас Мение. Мение отпатува со Белгија на Мундијалот во Катар, додека Ројс не стигна да се рехабилитира.
Претходно повредени беа и Никлас Зиле, Грегор Кобел, Донјел Мален, Карем Адејеми. Тренерот Един Терзиќ никако не можеше да склопи еден цел тим здрав во првиот дел од сезоната која Борусија ја заврши со осум победи, едно реми и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

