Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, викендов (18. и 19. ноември) ќе се одржи во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, а на истиот ќе настапат боксери од 11 земји.
„Златен гонг“ е еден од трите најстари боксерски манифестации на овој континент, а на истиот ќе настапуваат боксери од Англија, Шкотска, Шведска, Србија, Бугарија, Косово, Унгарија, Албанија, Еритреја, Црна Гора.
Македонија на традиционалниот турнир во бокс ќе учествува со шестмина боксерски репрезентативци и тоа Ален Рустемов, Илхан Озмен, Ајхан Озмен, Дион Лена, Алим Насуфи и Али Аземи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА