Еден од претендентите за трофејот на Светското првенство, Аргентина полна со самодоверба пристигна во Катар. А, таму Меси и соиграчите нема да бидат сместени во луксузен хотел, туку во студентски дом за да можат да ја продолжат традицијата која го гради тимскиот дух – правењето на скара.
Аргентинците со себе понеле и голема количина на месо кое ќе биде подготвено од посебни готвачи, а се очекува да продолжи и традицијата со тоа што самите играчи ќе го сечат месото.
„Неколку пати ги разгледувавме условите на студентскиот кампус и се уверивме дека тоа е најдобриот избор за нас. Скарата на играчите и сите останати во стручниот штаб е многу важна и сакаме да ја задржиме традицијата. Другите репрезентации одбраа луксузен престој, но нашиот фокус не е за опуштање туку за освојување на Светското првенство. А, за тоа играчите треба да се чувствуваат како дома“, велат од таборот на „гаучосите“.
I can’t believe Joaquin Correa made the Argentina squad for World Cup.
He’s been awful this season. Cutting the meat is what he’s best at. He should be the teams primary bbq meat man for World Cup.
— Jerry Mancini (@jmancini8) November 11, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА