Дејан Георгиевски триумфално го започна настапот на Светското првенство

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски со победа го започна Светското првенство кое се одржува во Гвадалахара, Мексико. Македонецот на стартот го совалда Колумбиецот Валтер Салдариага со резултат 2-0.

Георгиевски во првата рунда славеше со убедливи 5-1, за во втората да ги штеди силите и со триумф од 8-5 да стигне до следното коло (1/16 финале) каде за противник ќе го има Кинезот Жаоксианг Сонг.

Се вчитува...