Не помогна врачот: Садио Мане го пропушта Светското првенство

Репрезентацијата на Сенегал ќе биде сериозно ослабена на Светското првенство во Катар откако и дефинитивно остана без услугите на Садио Мане. Најголемата ѕвезда на африканската држава се повреди настапувајќи за Баерн Минхен на мечот против Вердер, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека станува збор за помала повреда со која ќе го пропушти само мечот против Холандија денеска Сенегалците добија лоши вести.

На Мане не му помогна ниту врачот кој го најави Генералниот секретар на Фудбалската Федерација на Сенегал, Фатма Самура па поранешниот ас на Ливерпул ќе мора да го проследи Мундијалот од дома.

Сенегал во групната фаза од Светското првенство силите ќе си ги одмери со Холандија, Еквадор и домаќинот Катар.

Се вчитува...