Тоти не може да ја преболи елиминацијата од Македонија: Светско без Италија е како Рим без Колосеум

Фудбалска Италија не може да ја преболи елиминацијата од Македонија во ждрепката за настап на Светското првенство во Катар. И покрај тоа што „аѕурите“ самоуверно влегоа во средбата против нашите репрезнетативци, ладниот туш дојде од Александар Трајковски кој во 92 минута од 25 метри погоди во мрежата на Донарума.

На оваа тема сега говореше легендарниот Франческо Тоти кој вели дека Светско првенство без Италија е како Рим без Колосеум…

„Светско првенство без Италија е како Рим без Колосеумот. Необично е и секако, за нас Италијанците повеќе од негативно. Ќе го следиме Светското првенство на поинаков начин, бидејќи се работи за натпреварување со големи тимови. Кој ќе победи? Франција, Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија се меѓу кандидатите, но нема вистински фаворит. Мислм дека овојпат сите работи се можни бидејќи се игра во декември и никој не ја знае физичката подготвеност на фудбалерит“, вели освојувачот на големиот трофеј со Италија во 2006 година.

Се вчитува...