Кинезот Жаоксианг Сонг славеше во дуелот против најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски со 2-0 во битката за осминафинале на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико.
Кинезот првата рунда ја доби со 8-2, а во втората беше уште поубедлив славејќи со 13-1 со што го елиминираше нашиот претставник.
Претходно Филип Додевски беше на чекор до медал на Светското првенство, но загуби во дуелот против Рафалович, додека Мила Рељиќ беше елиминирана од светската вицешампионка Петра Столбова од Чешка во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

