Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин индиректно ја нападна Светската фудбалска федерација ФИФА околу организацијата на Мундијалот во Катар.
Тој вели дека иако е сигурен дека организацијата на овој шампионат ќе биде на високо ниво, се надева дека веќе никогаш повеќе нема да има Мундијал во зимските месеци.
„Сигурен сум дека Светското првенство во Катар ќе биде фантастично организирано, но се надевам дека во иднина нема да има повеќе зимски Мундијали. Не очекува спектакл, месец на фантастичен фудбал и верувам дека селекцијата од Европа повторно ќе ја освои титулата. Од 2006 година шампионот доаѓа од Европа, а пред четири години во Русија сите полуфиналисти беа од нашиот континент. Единствени кои можат да и парираат се Бразил и Аргентина“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА