Македонската репрезентација ги реализира финалните подготовки пред утрешниот втор пријателски натпревар во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП 2024.
По тестот со Финска, Македонија утре од 14 часот на арената „Тодор Проески“ ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Азербејџан, но без еден од најдобрите свои фудбалери Езгијан Алиоски и без напаѓачот Бојан Миовски.
Алиоски е ослободен од обврските поради семејни причини, а Миовски ќе мора да го пропушти дуелот поради болест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА